Дури сега Ајакс нека се плаши: Роналдо е подготвен за дуелот во Амстердам

Кристијано Роналдо ја санираше повредата на бутниот мускул и ќе биде во составот на Јувентус за дуелот против Ајакс во Амстердам на 10 април, соопштува шпанскиот весник „Марка“.

Според најавите, Роналдо и сега е подготвен за да игра на дербито од Серија А меѓу Јувентус и Милан, но тренерот на „старата дама“, Масимилијано Алегри, сепак нема да ризикува, па Португалецот ќе го пропушти дуелот од италијанското првенство. Јувентус има 18 бодови пред вториот Наполи и само формално треба да доигра во Серија А за да го одбрани Скудетото.

Роналдо се повреди на 26 март во дресот на португалската репрезентација, на дуелот против Србија. Лекарите предвидуваа дека може да се случи тој да не биде подготвен за првиот меч против Ајакс, но тогаш самиот фудбалер изјави дека си го познава своето тело и ќе биде 100 отсто подготвен за предизвикот во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Во осминафиналето од ЛШ, Роналдо даде хет-трик против Атлетико Мадрид и го одведе Јувентус во следната фаза со вкупен резултат 3-2 против шпанскиот ривал. Португалецот е најдобар стрелец во историјата на елитното натпреварување на УЕФА.

 

- Оглас -

Најнови вести