И во ватерполото се воведува ВАР

Судиите кои делат правда на натпревари во ватерполо од вечерва ќе почнат да користат помош од видеоснимки за да пресудат правилно по некој спорен момент.

Челниците кои го водат овој спорт воведуваат низа нови правила, со кои ќе се подобри динамиката, а премиерата на новите правила ќе биде на Купот на Европа во Загреб. Првиот меч со новите правила и ВМС (Видеомониторинг систем) ќе биде вечерашниот помеѓу Хрватска и Грција, од 20.15 часот.

Со помош на видеотехнологијата, судиите на повторена снимка ќе може да утврдат дали топката ја преминала водената гол-линија, и дали е направен груб фаул кој се санкционира со исклучување.

Некои од новите правила се: по корнер или исклучување, нападот ќе трае 20 наместо сегашните 30 секунди, а изведувачот на корнер може сам да тргне во акција или да шутне; голман ќе смее да тргне во напад, да ја преплива половината од базенот и да даде гол; дозволени се летечки замени и во средината на базенот, а не како досега само од таканаречената куќичка во аголот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести