Прогнозерите нудат коефициент точно 100!

Шест меча од најсилните европски лиги се предизвикот за денеска што го имаа играчите на Спортска прогноза за ова коло. Повеќе од 550 прогнозери типуваа, а ако се видат кои се најчестите прогнози, може да се направи интересен тикет.

Треба да се потенцира дека прогнозерите со преку 70 отсто беа сигурни дека синоќешните дерби дуели меѓу Јувентус и Милан, односно Барселона и Атлетико Мадрид, ќе завршат со победи на домаќините. Така и се случи. Јувентус и Барселона потврдија зошто се шампиони на своите земји.

Денешната понуда започнува со дуелот Тулуз – Нант. Тука дилемата е дали ќе биде „кец“ или дуелот ќе заврши нерешено. Вкупно 42 отсто типувале за победа на Тулуз, а помалку од еде отсто е размислувањето на оние кои веруваат во нерешено. „Кецот“ е со коефициент 2,50, а за оние кои сакаат посигурна игра треба да пробаат со 1Х (1,37 коефициент) во Sport Life обложувалниците .

Пет минути по овој меч во Франција, ќе започне и дуелот меѓу Евертон и Арсенал. Домаќините немаат некои поголеми мотиви, но „топчиите“ мора да бркаат победа, ако сакаат да останат со големи шанси за излез во Лигата на шампиони за следната сезона. На победа на Арсенал прогнозирале дури 63 отсто, односно речиси две третини од играчите на Спортска прогноза. За победа на лондончани, коефициентот е 2,35.

Севилја треба да се прошета на гостувањето кај Валјадолид, ако се прашуваат прогнозерите. Речиси 72 отсто веруваат во победа на гостите, а коефициентот за тоа е 2,20. Со преку 70 отсто стигурност е и победата на Борусија Менхенгладбах на свој терен против Вердер, а коефициентот е 2,15.

Домашни победи се очекуваат од Ница против Монпелје и на Селта Виго во дуелот со Реал Сосиедад. Во три бода на Ница веруваат 49 отсто од прогнозерите, а за тоа коефициент е 2,70. За триумф на Селта против Сосеидад се точно 55 отсто од играчите на Спортска прогноза, а коефициентот за домаќините е 2,45.

Ако се соберат овие коефициент, односно пет фикса и еден двознак, вкупниот коефициент е точно 100. Тоа значи дека за 100 вложени денари се добиваат 10.000 денари, доколку се покажат како точни најчестите прогнози.

- Оглас -

Најнови вести