На Бабунски не му треба многу за гол (Видео)

Давид Бабунски играше само шест минути за Омија и успеа да го постигне вториот гол сезонава во втората јапонска лига, а со неговиот погодок беше запечатена победата од 2:0 против Кагошима јунајтед.

Потенцијалниот македонски репрезентативец погоди во втората минута од судиското продолжение што му е втор погодок и втор на гостински терен и повторно постигнат во второто полувреме.

Давид погоди и против Токушима пред еден месец за победа на Омија од 1:0. Неговиот клуб сега има 14 бодови, само 3 помалку од лидерот Јамагата.

Неговиот помал брат Доријан не играше за Мачида во ремито со Кофу 1:1.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести