Лидс и Алиоски сигурни против Престон за враќање на второто место

Лидс со сигурни 0-2 славеше на гостувањето кај Престон во мечот од 41-вото коло во Шампионат лигата. Избраниците на Марсело Бјелса на тој начин ја запишаа 24-тата победа сезонава, со која се вратија на второто место на табелата со 79 бода и останаа во игра за директниот пласман во Премиер лигата следната сезона.

За трите бода стрелец во два наврати беше Патрик Бамфорд во 62-рата и 76-тата минута, откако при почетокот на второто полувреме домаќините останаа со играч помалку на теренот по црвениот картон на Пирсон. Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски беше стандарден на левата бековска позиција.

До крајот на шампионатот остануваат уште пет кола, во кои Лидс ќе се обиде да ја задржи втората позиција и да обезбеди пласман во англиската елита. Во спротивно, преку плејоф ќе го бара патот до Премиер лигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести