Фаворитите со предност заминаа на 15-минутна пауза во вечерашните четвртфинални мечеви. Барселона поведе во Манчестер против Јунајтед користејќи ја доминацијата во поседот на топката. При голот кој е запишан како автогол на Лук Шоу, акцијата на Каталонците траеше 2 минути и 14 секунди, сите 11 играчи ја допреа топката и имаше 48 додавања пред Суарес да шутне, а топката од Шоу да влезе во мрежата.
Ајакс беше опасен во првите половина час игра, но Јувентус беше подобар во финишот и даде гол за водство од 1-0. Стрелец беше Кристијано Роналдо во 44-тата минута. Ова е негов шести гол на три гостувања против Ајакс. Шест гола на стадионот во Амстердам во ЛШ има само уште Златан Ибрахимовиќ.
https://www.dailymotion.com/video/x75lunu