Арсенал нема да загуби од Наполи, Јовиќ ќе им даде гол и на своите?

Пресметките од Лигата на Европа се во центарот на вниманието во денешната понуда. Обложувалниците Sport Life стандардно нудат три квоти на денот, а ние како додаток уфрливме уште еден меч од второто по квалитет клупско натпреварување на стариот континент и еден ракометен спектакл во Белград.

 

Арсенал – Наполи (21.00 часот)

Лондонскиот тим не е баш во најдобро расположение по поразот од Евертон, но Арсенал дома е многу поопасен отколку на гости. Последното реми на „топчиите“ дома им е на 11 ноември, но овојпат играат против италијански тим и „иксот“ тука е за секој случај. Наполи во домашното првенство е втор, без шанси за титула, ниту да оди подолу. Овие два тима играа во 2013 година и на двата меча победија домашните.

Предлог тип: 1Х & 2-5 (1.90)

 

Бенфика – Ајнтрахт (21.00 часот)

Ова е еден од најинтересните мечеви затоа што првиот стрелец на Германците, Лука Јовиќ, всушност член на лисабонските „орли“, а како позајмен настапува за Ајнтрахт. Тој ќе биде закана за своите, како и за сите други. Ајнтрахт на официјален меч не знае за пораз во 2019 година, додека Бенфика е во мртва трка за титулата во португалската лига.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.90)

 

Вилјареал – Валенсија (21.00 часот)

Ако се суди според резултатите во Лигата, Валенсија е во предност. Но, овие два соседи и градски ривали ќе имаат поинаква мотивација во овој европски двобој. На претходните две гостувања на стадионот „Керамика“, Валенсија нема дадено гол. Мечевите на Вилјареал се ефикасни, за разлика од тие на Валенсија, па ќе има битка на две концепции.

Предлог тип: 1+I & 1+ II (1.90)

 

Славија – Челзи (21.00 часот)

Чесите се најпријатно изненадување во Лигата на Европа. Во претходната рунда ја елиминираа Севилја, па веруваат дека може да го исфрлат и Челзи. Кај „сините“ од Лондон можеби ќе го нема Азар, и тоа ги зголемува шансите на Славија, која нема пораз во Прага и неколку тима кои гостуваа таму не успеаја да дадат гол.

Предлог тип: 2-3 гола (1.98)

 

Србија – Хрватска (18.00 часот)

Балканското дерби е најинтересниот од мечевите во квалификациите за ракометното ЕП 2020. Србите по киксевите против Белгија и Швајцарија, мора да се вадат против соседот кој е ракометна велесила. Мечот ќе се игра во белградската Арена, каде што пред седум години на ЕП, Србите ги победија Ивано Балиќ и другарите. Но, последниот меѓусебен дуел го доби Хрватска со 32-22. Хрватите се без Циндриќ и Хорват, па и да победат, можеби нема да биде со повеќе од четири разлика.

Предлог тип: Х 1 3.50 (1.80)

- Оглас -

Најнови вести