Блокотехна прв полуфиналист во Купот на Македонија

Блокотехна е првата екипа која ќе игра полуфинале на Купот на Македонија откако славеше со убедливи 115:68 против Охрид во четвртфиналната пресметка. Гевгеличани втора година по ред се најдоа меѓу четирите најдобри екипи откако лани во борбата за финале загубија од актуелниот бранител на тројфејот МЗТ Скопје.

Блокотехна отвори одлично и го освои првиот период со 27-18, а победникот од овој дуел беше познат и по паузата, за Охрид беа недостижни 26-те поени негатива по две одиграни четвртини.

Думиќ со 21 поен беше најрасположен играч од редовите на Блокотехна, Михајловски со 19 поени придонесе за убедливата победа. Кај поразените, со 14 поени најефикасен беше Настовски, а еден поен помалку постигна Милојевиќ.

Блокотехна денеска ќе го добие противникот во полуфиналето, во 20:15 часот играат Гостивар и Фени индустри. Останатите два четвртфинални меча се Работнички – Куманово (15:15 часот) и МЗТ Скопје – Кожув (17:30 часот).

- Оглас -

Најнови вести