Постигнат еден од најбрзите голови во историјата (Видео)

Спортинг Хихон ја победи Гранада со 1:0 во меч од 34. коло на шпанската втора лига. Со овој триумф, Спортинг ги сочува шансите дека може да се избори за враќање во Примера дивисион.

Мечот во Хихон беше одбележан со еден од најбрзите погодоци во историјата.Урош Ѓорѓевиќ го изведе почетниот удар и веднаш тргна кон противничкиот гол. По само неколку секунди, топката повторно беше кај српскиот голгетер кој успеа да ја затресе мрежата на гостите и тоа по само 10 секунди игра.

Спортинг поведе со 1:0, а на крајот се покажа дека токму тој погодок е доволен за радост на домаќините и освојување на трите бода.

Погодокот може да го погледнете ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести