Николов го победи Ристевски, важен триумф на Алиоски

МОЛ Види го совлада Ујпешт со 2-1 во дербито на унгарската лига во кое играа македонски интернационалци, и покажа дека е втор тим по квалитет во Унгарија, зад лидерот Ференцварош (таму игра Стефан Спировски) кој бега 8 бода.

Бобан Николов кој влезе во игра во 81 минута, е член на МОЛ Види, додека кај Ујпешт кој има 10 бода помалку од МОЛ Види, Кире Ристевски го одигра целиот натпревар.

Од македонските репрезентативци доцна попладнево настапи и Езџан Алиоски, чиј тим Лидс, извојува важна победа над директниот ривал за влез во Премиерлигата, Шефилд венсдеј. Стрелец на голот беше Харисон. Сега Лидс е осамен на второто место во англискиот Чемпионшип, со три бода позитива во однос на екипата од Шефилд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести