Арсенал приреди чудо за клуб што редовно прима гол(ови), особено на гостински терен, и вчера со победата од 1-0 против Ватфорд го забележа само третиот меч во последните три години без примен погодок како гостин на натпреварите од Премиер лигата.
Во Премиер лигата популарните „топчии“ успеваат да ја сочуваат мрежата само еднаш годишно во последните три сезони.
Тоа го сторија вчера, на „Викериџ роуд“ против Ватфорд, лани на гостувањето кај Хадерсфилд со победа од 1-0 и претходната 2017 година во лондонското дерби со Вест хем, кога ремизираа без голови.
На сите останати гостувања Арсенал примаше барем еден погодок од 2017 година досега или вкупно на 51 меч во најквалитетната англиска лига.