Фенербахче има предност по првиот меч од четвртфиналната серија против Жалгирис Каунас по победата на домашен терен со конечни 76:43. Малиот број поени е последица на добрата одбрана на кошаркарите на Жељко Обрадовиќ, но и катастрофалниот учинок на Литванците, особено од линијата за три поени (3/16).
Гостите се држеа во воведниот период, а потоа Фенер смени во „втора брзина“ и со 23-8 ги доби вторите 10 минути од средбата. Наместо Жалгирис да вложи напори да се врати во игра, домаќините постепено ја зголемуваа разликата, а во решавачкиот период повторно му дозволија на противникот да постигне само осум поени.
Калиниќ со 16 поени го предводеше Фенер до првата победа, 13 поени додаде Гудуриќ, а еден поен помалку од Србинот постигна Грин. Од редовите на гостинскиот состав, единствено Григонис имаше двоцифрен број поени, заврши со 10.