Јунакот на Тотенхем не сака да крие: Бев навредуван на расна основа во Англија (Видео)

Јунакот на Тотенхем, Хеунг-мин Сон откри дека неколкупати бил навредуван на расна основа на натпреварите во Англија.

„Имаше неколку такви случаи, но според мене, најдобар одговор е да се игнорираат луѓето што прават разлика на расна основа. Во фудбалот е важно да играте добро, а не кој од каде потекнува и од која земја доаѓа“, изјави Сон.

Јужнокореецот игра извонредно за Тотенхем, вчера со два гола му помогна на тимот да се преброди англиското дерби со Манчестер сити во четвртфиналето во Лигата на шампионите, со два гола стана и најефикасниот Азиец во лукзусното натпреварување и продолжи да ја сонува титулата.

Тотенхем ќе игра со Ајакс во полуфиналето во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести