Лаказет даде еврогол, но ваквите погодоци од следната сезона ќе се поништуваат (Видео)

Арсенал синоќа се пласираше во полуфиналето од Лигата на Европа откако вторпат го победи Наполи, овојпат на гостински терен со 1-0. Лаказет го даде погодокот за победа на „топчиите“, и тоа на прекрасен начин од слободен удар, уште во првото полувреме.

Начинот на којшто Арсенал го даде овој гол од следната сезона ќе биде нерегуларен и ќе се поништува. Новите правила на УЕФА се многу јасни, а ако се изведе слободен удар на овој начин, тие ќе бидат прекршени.

Во што е промената? При изведување на слободниот удар на Арсенал, во живиот ѕид на Наполи стоеја двајца играчи на Арсенал. Тие имаат за цел да го маркираат голманот на противникот и овојпат максимално успешно ја завршија работата. Доколку во живиот ѕид има тројца или четворица играчи, противнички фудбалери нема да смеат да стојат во позиција како што беа синоќа играчите на Арсенал при слободниот удар на Лаказет.

Доколку се прекрши ова правило, арбитерот може да досуди индиректен удар и топка за тимот кој дотогаш се бранел.

https://twitter.com/ArsenaIGoalsTM/status/1118962827694358529

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести