Анри се враќа во Њујорк?

Тиери Анри издржа помалку од три месеци на клупата на Монако, ги предводеше „кнезовите“ во вкупно 20 натпревари во кои издвои само четири победи. Првата авантура како самостоен стратег, Анри ќе сака што побрзо да ја заборави, а ќе се обиде да го направи тоа со враќање во Њујорк.

Раководството на Њујорк ред булс има намера да го ангажира Анри на местото од Крис Армас, а најголема причина за тоа е слабиот старт на екипата во новата МЛС сезона. Ред булс под палката на Армас се на деветтото место во Источната конференција по шест кола, забележаа само еден триумф, додека во три наврати претрпеа пораз и на два пати ремизираа.

Французинот ги бранеше боите на Ред булс четири години, настапи на 135 меча во кои забележа 52 погодоци и 42 асистенции, а со своите мајстории редовно ја забавуваше публиката. Сега има шанса да се врати на добро познатото место каде би се обидел да ја препороди тренерската кариера.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести