На Шкендија и се случи Влатко Стојановски во тетовското дерби, а актуелниот шампион на Македонија беше шокиран со два гола од напаѓачот на Ренова во рок од само 60 секунди.
Стојановски најпрво израмни на 1:1 од пенал во 54. минута, а во следниот напад ја искористи кардиналната грешка во одбраната на Шкендија и повторно го совлада Костадин Захов за целосен пресврт и предност на Ренова од 2:1.