Хамилтон ја освои и Сузука

Луис Хамилтон е се поблиску до новата титула во Формула 1, по победата за Големата награда на Јапонија.

Британецот најбрзо ги мина 53. кругови на патеката Сузука и ја мина целта пред клупскиот колега Валери Ботас и пред Марк Ферстапен од тимот на Ред Бул.

„Горд сум што сум дел од овој тим. Со нивна поддршка сигурно чекорам кон целта. Се чувствувам како ова да ми е прва победа. Ја сакам оваа патека, оваа трка“, изјави Хамилтон.

Тој сега има огромни 67 бодови предност пред Себастијан Фетел и е на чекор до нова титула, а може да слави веќе на следната трка во САД. За петта круна на Британецот му требаат само 8 бодови до крајот на сезоната во Формула 1.

Зад водечкото трио се пласираа Рикардо, Раиконен, Фетел, Перез, Грожан, Окон и Саинц.

 

 

- Оглас -

Најнови вести