Фенер со играч помалку во 90+7 се спаси од пораз (видео)

Фенербахче се спаси од пораз во последните моменти од средбата против Трабзонспор, за на крајот да се поделат бодовите со конечни 1-1. Дуелот на „Шукру Сарачоглу“ кој се одигра во рамките од 30-тото коло во турската Прва лига, се заврши на драматичен начин со погодок на домаќините во седмата минута од судиското надополнување.

Трабзон го држеше резултатот во своја корист од 16-тата минута, а за конечни 1-1 погоди Валбуена од слободен удар во 90+7 минута. Французинот имаше и мала помош од талентираниот македонски репрезентативец Елиф Елмас, кој се најде во мешаницата пред противничкиот голман и доволно беше што му попречи да реагира на време.

Воедно, Фенербахче мораше да се снаоѓа со играч помалку во последните дваесетина минути, Чифтпинар беше исклучен откако заработи два жолти картони за околу 10 минути игра.

https://streamable.com/xkx2i

- Оглас -

Најнови вести