Галатасарај нема к`смет против нашите – Македонските интернационалци со кочница за гигантот

Галатасарај не успеа да победи против Коњаспор на гостински терен и остана на втората позиција со два бода помалку од лидерот Башакшехир и еден пред Бешикташ во многу интересната трка за титулата во Турција.

До крајот има уште четири кола и две големи дербија меѓу Галатасарај и Бешикташ и Галатсарај и Башакшехир, но ако „црвено-жолтите“ од Истанбул не успеат да станат прваци сигурно ќе се сеќаваат на Елиф Елмас и на Леонард Жута и Адис Јаховиќ.

Елмас им даде гол пред 3 кола за реми 1:1 меѓу Фенербахче и Галтасарај, а денеска Жута, Јаховиќ и соиграчите го сопреа  походот на гигантот кон титулата со реми без голови.

Жута кој е поранешен македонски репрезентативец го одигра целиот меч за Коњаспор на својата стандардна позиција лев бек, а Адис играше од 74. минута, откако го замени Јатабаре.

Нерешениот резултат е успех за Коњаспор, екипа што е на прагот да го запечати опстанокот во силната турска лига.

- Оглас -

Најнови вести