Пандевци и прилепчани „спиеја“ еден час, а потоа четири гола за 20 минути

Академија Пандев и по петти пат сезонава, а трети во првенството, ја совлада Победа, овојпат со 3-1. Прилепчани на денешниот меч против струмичани, беа домаќини на „Кукуш“ во Турново.

Откако во првите 60-тина минути немаше голови и публиката немаше што конкретно да види, конечно почнаа возбудување и голови. Најпрвин Победа даде гол кој беше поништен поради офсајд, а една минута подоцна „пандевци“ поведоа со голот на капитенот Љупчо Дориев, кој е најефикасен поединец во тимот и воопшто во првата лига.

Во 71 минута, Александар Мишов погоди за 2-0, со што ја најави победата на гостите кои се трети на табелата. Прилепчачни намалија преку Јаник Макота, а конечните 3-1 ги постави Ацо Стојков од пенал, кој го реализираше со помош на стативата. После овој пораз, Победа останува речиси без никакви шанси да избегне испаѓање во втората лига.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести