Ајакс може да направи нова сезнација во Лигата на шампиони. Откако го елиминираа Реал Мадрид, па Јувентус, нова пречка им е Тотенхем, а во првото полувреме од полуфиналниот меч против „петлите“ веќе водат со 1-0. Копјаниците доминираат и во Лондон, а Ван Де Бек е човекот кој ја донесе радоста за холандскиот состав во 15-тата минута.
Фотографите успеаја да го фатат кадарот во моментот кога Ван Де Бек го упати ударот кон Љорис, а се гледа дека почна да го слави погодокот уште пред топката да ја помине гол-линијата.
Гостите сосема заслужено водат во првиот дел, шансата за гол не им беше единствена, можеа да постигнат најмалку уште еден. Особено доминираа во првите 20 минути од мечот, во кој Ајакс имаше 67% посед на топка во своја корист, комплетирајќи 167 точни додавања.
Воедно, Тотенхем потполно потфрли на офанзивен план. Неговите играчи не упатија ниту еден удар во рамките од голот на Онана.