Ајакс го повтори подвигот на Баерн и Реал, Тотенхем нема шанси во реваншот

Ајакс го победи Тотенхем во Лондон со 1:0 и стана само третиот клуб во историјата на Лигата на шампиони кој успеал да се радува на гостински терен во мечевите од осминафиналето, четвртфиналето и полуфиналето. Претходно тоа им успеало само на Баерн Минхен и Реал Мадрид.

Баварскиот гигант тоа го направи во сезоната 2012/13, а на Реал му успеа минатата сезона. Ајакс овој подвиг го направи против два големи европски гиганти како што се Реал Мадрид и Јувентус, а вечерва на листата беше додаден и Тотенхем.

Ајакс со оваа победа, речиси се влезени и во финалето на Лигата на шампиони. Историјата покажува дека на 17 меча во полуфиналињата, гостите победувале, а потоа на реваншот само еднаш се случило тимот кој загубил дома, да направи пресврт на туѓ терен и да оди во финалето. Интересно е тоа што тој единствен клуб кој го има направено тоа е токму Ајакс, во сезоната 1995/96.

Ако се гледа статистиката, традицијата, па и играта од денешниот меч, Тотенхем нема што да бара на реваншот во Амстердам, но сепак фудбалот многу пати се покажал како непредвидлив.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести