Атлетико Мадрид има одличен план и се вклучи во трката за ангажман на Елиф Елмас со предлог за Фенербахче, да им го понуди Никола Калиниќ и плус да доплати пари, објавија турските медиуми.
Првичната понуда на мадриѓани за ангажман на Елмас е 15 милиони евра, но сега во евентуалниот договор со Фенербахче е вклучена и преселбата на хрватскиот репрезентативец Калиниќ.
Елмас е еден од најталентираните млади фудбалери во Европа, за него се интересираат неколку големи клубови, а сега се приклучи и Чоло Симеоне, кој долго и многу успешно го предводи Атлетико и одлично знае да процени талент и квалитет.
Атлетико барем според досегашните најави ќе бие битка за Елмас со Севилја, Тотенхем, Лацио, Интер и Фиорентина, екипи кои се заинтересирани за да го доведат Елмас во своите редови.
Атлетико не е задоволен од игрите на Никола Калиниќ, за кого минатата сезона плати 14,5 милиони евра, а Хрватот одлично би му дошол на тимот на Фенер.
Турскиот гигант најави темелна реконструкција на составот што сезонава се бори за опстанок, меѓу десеттината потенцијални засилувања беше најавен и Калиниќ, па нема да биде неочекувано ако Елмас продолжи на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид.