Службена победа за Кожув, на Куманово му се заканува исклучување од Суперлигата

Денешниот меч од кошаркарската Суперлига помеѓу Кожув и Куманово не се одигра затоа што кумановци се под суспензија од МКФ, па на гевгеличани им е доделена службена победа од 20-0.

Кумановци имаат финансиски проблеми, блокирана сметка и не ја исплатија навреме првата рата од долгот кон МКФ, по што следуваше и суспензија. На последниот состанок на Здружението на прволигаши беше договорено сите прволигаши долговите да ги подмират на четири рати, а краен рок за првата рата беше 30 април.

 

- Оглас -

Најнови вести