Кондогбија ги откачи „триколорите“, ќе игра за родната земја на неговите родители

Фудбалерот за врска на Валенсија, Џефри Кондогбија одлучи да го смени државјанството и да игра за репрезентацијата на Централноафриканската република. Со овој потег, Кондогбија се откажува од евентуално враќање во француската репрезентација, каде чекаше повик од Дидие Дешамп веќе две ипол години.

Кондогбија иако роден во Франција, одлучи да игра за земјата од каде што потекнуваат неговите родители. Дваесет и петгодишниот фудбалер ги помина сите младински селекции на „триколорите“, настапи и на пет меча за сениоркиот состав, но последен пат во репрезентацијата беше повикан во јануари 2016 година.

Точно е дека во тој период Кондогбија се опоравуваше од тешка повреда, но минатата сезона се покажа во одлично светло во дресот на Валенсија, меѓутоа Дешамп има голема доверба во Матуиди, Погба и Канте, додека како замени на СП во Русија во средниот ред, на располагање му беа Нзонзи и Толисо.

Братот на Кондогбија веќе настапувал за Централноафриканската република, додека Џефри че може да дебитира во октомри, во квалификациите за Афричкикот Куп.

 

- Оглас -

Најнови вести