Левиот бек на Еибар, Хосе Анхел Валдес, или како што е попознат Коте конечно го прекина постот од цели пет години без гол и неговиот прецизен и ефектен удар од далечина во 45. минута беше победнички против Бетис.
https://www.youtube.com/watch?v=ywIbCPEVynY
Последниот погодок Коте го даде во 2014 година како играч на Реал Сосиедад, а потоа постеше се до денеска. Во меѓувреме играше и за Порто и за Вилјареал, но не успеваше да го најде патот до мрежата на ривалите.
Бетис можеше да освои еден бод, но Ло Селсо промаши пенал во 68. минута. Мечот имаше ревијален карактер, а двете екипи се во средината на табелата без шанси за настап во европските купови, но и немаат грижи за опстанок во Ла Лига.