Сент Луис блус уште еднаш покажаа дека игра многу подобро на гостински терен, го декласира Далас со 4:1 и се избори за мајсторка, односно седми решавачки меч во полуфиналната серија во Западната конференција во НХЛ-лигата.
Во ситуација кога пораз ќе значеше и елиминација, хокеарите на Сент Луис ја забележаа и шестата победа на гостински терен во седмиот меч во плејфот што го играат одлично и израмнија на 3:3 во победи.
Седмата решавачка рунда за пласман во конференциското финале ќе се игра во „Ентерпрајс центар“ во Сент Луис на 8 мај.
Алекс Пјетранџело со гол во првиот период најави дека Сент Луис нема да се предаде, најдобриот стрелец на Далас во плејофот, Тајле Сегин, израмни на 1:1 и потоа тргна фуриозната игра на гостите.
Давид Перон, Џејден Шварц и Семјуел Блејс постигнаа по еден гол за убедлива победа од 4:1 и му закажаа на Далас мајсторка што ќе одлучи која екипа ќе се пробие во квартетот кандидати за титулата во НХЛ-лигата.