(Видео) Феноменалниот Карачиќ си има резервирано место во дрим-тимот, Милосављев во топ 5 (Видео)

Вардар повторно е на фајнал фор турнирот во Келн, „црвено-црните“ пак се ракометната бајка во Европа, а идеалниот тим во двете четвртфинални рунди не може да се состави без Игор Карачиќ.

Феноменалниот бек на Вардар е единствениот ракометар во Лигата на шампионите што е во идеалните постави на Лигата на шампионите во двете нокаут-рунди од четвртфиналните пресметки.

По скопскиот меч и победата од 31:23 против ПИК Сегед, хрватскиот репрезентативец си најде место во дрим-тимот, а така е и сега по реваншот во Унгарија, на кој Вардар стави печат на пласманот на Ф4 турнирот во Келн.

Покрај Карачиќ, во дрим-тимот се и Гонзало Перез де Варгас, голманот на Барселона, неговиот тимски колега Ласе Андерсон, потоа и Хампус Ван од Фленсбург, Недим Ремили од ПСЖ, Драган Гајиќ од Веспрем и Бенсе Бахниди од Пик Сегед.

Во изборот на ЕХФ-место во две категории има и за уште двајца вардарци. Дејан Милосављев има одбрана против Пик Сегед за место во топ 5. Најатрактивните одбрани погледнете ги ОВДЕ.

Голот на Тимур Дибиров од мртов агол против Пик Сегед е најубав на реваншот од четвртфиналната рунда. Топ 5 најголови можете да ги погледнете ОВДЕ.

 

- Оглас -

Најнови вести