Вардар трета година во низа ќе игра на Ф4 завршницата во Келн. Заедно со Барселона, Кјелце и Веспрем ќе се борат за европскиот трон на турнирот кој ќе се одржи на 1 и 2 јуни во „Ланксес арената“. Дотаму „црвено-црните“ мораа да ја минат пречата наречена Пик Сегед, а вчера успешно го сторија тоа со најслакиот пораз кој можеа да го претрпат.
Нивниот лет од Унгарија доцнеше, но ракометарите сепак се појавија пред СЦ „Јане Сандански“ за да се поздрават со навивачите кои трпеливо чекаа. Пречекани како шампиони со аплауз од страна на околу 200 фанови, ракометарите беа „должни“ да направат и по некоја фотографија со најмладите нивни поддржувачи.