Неколку навивачи на Манчестер сити се покажаа како малери на кои денеска многумина им се смеат бидејќи иако синоќа беа присутни на „Етихад“, не го видоа прекрасниот гол на Винсан Компани, со кој „граѓаните“ дојдоа на чекор од нова титула во Премиер лигата.
На трибините имаше 54.506 навивачи, а барем тројца, кои се фатени на снимка, не го видоа голот со шут од речиси 30 метри. Дали одеа во тоалет или да си купат пијалок, не се знае, но дефинитивно одбраа лош тајминг за да се свртат со грб кон теренот.
https://twitter.com/i/status/1125499715464855552