Навивачите на Динамо со транспарент пред стадионот на Ѕвезда потсетија на 13 мај 1990

Неодиграниот фудбалски натпревар помеѓу Динамо Загреб и Црвена ѕвезда од 13 мај 1990 година, и инцидентот кој се случи на „Максимир“ тој ден, е еден од најпознатите настани во клупските истории на овие два клуба од некогашната голема четворка на југословенскиот фудбал, а денеска, 29 години подоцна, мала група на загрепски фанови се најдоа во Белград и пред северната трибина на стадионот на Ѕвезда истакнаа транспарент.

На транспарентот пишуваше „За сите оние кои ги нема, 13.5.1990“.

Епилогот од драматичните случки пред 29 години беше 79 повредени полицајци и 59 повредени навивачи, а се памети и потегот на Звонимир Бобан кој го удри милицаецот Рефик Ахметовиќ, бидејќи милицијата ги тепаше фановите на загрепскиот тим кои влегоа во терен. Токму тој меч ја најави војната која почна една година подоцна.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести