ПСЖ станува „подвижен билборд“ за реклами на Катар (фото)

Францускиот првак ПСЖ ги претстави новите домашни дресови за сезоната 2019/20. На прв поглед, нема ништо чудно на нив, само што се сменија спонзорите.

На предната страна повеќе нема да пишува „Fly Еmirates“ како во изминативе неколку сезони, туку нов главен спонзор ќе биде „Accor“, ланецот на хотели низ Европа кои од неодамна се во сопствеништво на Катарците. На левиот ракав, како и досега, ќе стои „QNB“, или во превод Национална банка на Катар.

На задната страна повторно ќе стои името на спонзорот „Ooredoo“, односно компанијата за телекомуникациски мрежи во Катар. Сите овие компании се во сопственот на Катрците, па фудбалерите на ПСЖ во новата сезона ќе бидат како подвижни билборди „украсени“ со рекламите на катарските компании.

Инаку, „Fly Еmirates“ е авиокомпанија од Соединетите Арапски Емирати, но разбирливо е да преовладуваат рекламите од Катар бидејќи самите газди на клубот потекнуваат од оваа земја.

 

- Оглас -

Најнови вести