Брзи и бесни – Играчите на Селта како да сакаат да испаднат

Играчите на Селта ќе бијат клучна битка за опстанок против испаднатиот Рајо Валјекано утре од 20.45 часот. Им треба само еден бод за да го задржат прволигашкиот статус во Ла Лига, но „Марка“ објави несекојдневна сторија на непрофесионално однесување на дел од фудбалерите.

Со наслов „Надреална недела во Селта“ шпанската „Марка“ информира дека дуото од Магреб, Ријад Будебуз и Софијане Буфал биле фатени од полицијата како се тркаат со мотори со огромна брзина.

Алжирецот Будебуз е стандарден член на првата постава на Селта, а Буфал е почесто резерва во последно време, но е значаен играч за тимот од Виго кога е во форма.

Долго време повреден е големиот талент Емре Мор, го мачи глуждот и не игра повеќе од еден месец, но најде време да ги сними и да ги документира скоковите во својот базен.

Навивачите се бесни, Селта нема сигурен опстанок и ќе бие битка до последен здив, па ваквото однесување на дел од играчите за нив е недозволено. Но целата ситуација, која не е наивна, има и смирувачки тонови.

„Сè додека е Аспас тука, нема за што да се грижиме“ е еден од коментарите на социјалните мрежи. Проблем за Селта е и чудното однесување на одличниот напаѓач Пионе Систо, кој, според „Марка“, изгледа неверојатно слабо и не јаде ништо освен овошје речиси цел месец.

Данскиот репрезентативец има лоша сезона во Селта, одигра само 17 натпревари и постигна само два гола.

 

- Оглас -

Најнови вести