Според квотите на денот на обложувалниците Sport Life, Касимпаша нема да загуби од Коњаспор, Чарлтон и Донкастер ќе играат ефикасен реванш од баражот, а Сарагоса ќе се доближи до запечатување на опстанокот во втората шпанска лига. Ние како додаток додадовме по еден предлог од мечеви во португалската и втората француска лига.
Касимпаша – Коњаспор (19.30 часот)
Касимпаша со серијата од четири порази и една нерешена на последните пет меча си ја искомплицира ситуацијата во долниот дел на табелата. На две кола до крајот, Касимпаша беше на пет бода од зоната на испаѓање и за сигурен опстанок, денеска треба да освои барем еден бод. Коњаспор на Јаховиќ и Жута нема многу мотиви, а тоа е тим кој во последно време често игра нерешено. Традицијата е на страната на домашните.
Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.30)
Чарлтон – Донкастер (20.45 часот)
Победникот од овој дуел ќе разигрува против Сандерленд во битка за влез во Шампионат лигата. Чарлтон го доби првиот меч со 2-1, па треба дома да го потврди пласманот во финалето кое ќе се игра на „Вембли“. Чарлтон има осум победи на последните девет средби. Пред гостите е многу тешка задача, иако на први декември тие беа последниот тим кој како гостин славел во Чарлтон, во меч од ФА купот.
Предлог тип: 1+I & 3+ (2.40)
Сарагоса – Спортинг Хихон (21.00 часот)
Некогашните прволигаши се во златната средина на табелата во Сегунда дизивија, но математички Сарагоса уште нема обезбедено опстанок. На четири кола до крајот, има предност од 6 бода во однос на опасната зона. Во последните осум меѓусебни дуели на „Ла Ромареда“ секогаш било гол-гол, а дури шестпати било реми, но последниот меч им припадна на домашните.
Предлог тип: Т1 1-2 пол. (2.10)
Брага – Портимоненсе (21.30 часот)
Во завршницата на сезонава, Брага влезе прилично лошо, минатиот викенд загуби од Боависта, а на два од последните три меча, прими по 4 гола. Сепак, Брага е сигурно четврта, ништо не може да ја помести од таа позиција. Портимоненсе со победа може да скокне до седмото место. Нема да биде изненадување ако заврши нерешено, како што беа и два од последните три нивни меѓусебни дуели.
Предлог тип: Х (4.65)
Мец – Брест (20.45 часот)
Ждрепката сакаше водечките два тима во втората француска лига силите да си ги одмерат во последното коло, но нема да има борба за пласман во првата лига. И Мец и Брест веќе обезбедија место во елитното друштво, па ова ќе биде релаксиран меч, но според традицијата, не треба да се очекуваат премногу голови.
Предлог тип: 2-3 гола (2.00)