Нема двојна круна за Адеми и Динамо – Слуга е херојот на Риека

Аријан Адеми и соиграчите од Динамо Загреб не успеаја да ја освојат двојната круна, а пехарот во националниот Куп на Хрватска го освои Риека со победа од 3:1.

Вистински јунак на мечот е голманот на Риека, Симон Слуга, кој одбрани пенал во 73-тата минута и не дозволи израмнување на 2:2. Утна Дани Олмо, а амбициите на Динамо да направи целосен пресврт од 0:2 комплетно ги спласна третиот гол на Риека што го постигна Квржиќ во 84-тата минута.

Претходно, во првото полувреме Чолак и Халиловиќ со по еден гол ѝ донесоа висока предност на Риека, а со гол за 1:2 се закани Оршиќ, но во клучниот момент Слуга го надмудри Олмо и Риека го освои Купот.

Ова е петтиот пехар за Риека, а генерацијата на Стефан Ристовски во 2017 година се запиша во историјата со единствената двојна круна за познатиот хрватски клуб.

За Риека, вечерва на финалето во Пула не настапи Дарко Велковски поради повреда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести