Шеик Алиоски – Катарците од ПСЖ ќе инвестираат и во Лидс?

Катар Спорт Инвестмент групацијата која е сопственик на Пари Сен Жермен е заинтересирана да го купи второлигашот Лидс.

Тоа би било одлична најава за моќен Лидс, клуб за кој игра нашиот репрезентативец Езџан Алиоски. Моментно како што објавија британските медиуми, покрај Катарците за купување на Лидс има уште пет понуди.

Сопственикот на Лидс, Андреа Радризани размислува сериозно за продажба на клубот и за пренасочување на парите во друг англиски клуб, па тоа е шанса за Катар Спорт Инвестмент да го купи Лидс и да ја почне мисијата за враќање на славниот клуб во Премиерлигата.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести