Билетите за дуелите против Полска и Австрија по 150 денари

Македонската фудбалска репрезентација како никогаш досега е полна со оптимизам дека може да се стигне до историски пласман на едно големо натпреварување. Европското првенство 2020 година е посакуваната цел на „црвено-жолтите“.

По првите два меча во квалификациите, Македонија има победа и реми, но дури сега доаѓаат најважните предизвици. На 7 и 10 јуни, во Скопје ќе гостуваат селекциите на Полска и Австрија. Тоа се и главните фаворити за водечките места во групата. Доколку Македонија успее на овие два меча да забележи добри резултати, тоа ќе биде отворање на вратата кон ЕП 2020 година.

Од фудбалската федерација на Македонија соопштија дека влезниците нза овие две средби ќе се продаваат по цена од 150 денари. Влезниците ќе бидат пуштени во продажба од 1 јуни.

 

- Оглас -

Најнови вести