Фудбалска ревија за уживање – Бундеслигата и Серија А се селат во Скопје на три дена

Бундеслига против Серија А ќе се судрат во Скопје од 7. до 10. јуни, а македонските фудбалски фанови ќе имаат можност во кус рок од 3 дена да гледаат познати ѕвезди од две од петте најсилни лиги во Европа.

Ги има вкупно 24 што настапуваат во германското првенство и во Калчото во Италија, а Бундеслигата има мала предност пред Серија А во однос 14:10.

Македонија нема бундеслигашки играчи, односно ќе има од следната сезона, ако нашиот најмлад репрезентативец Дарко Чурлинов остане во Келн, но затоа го имаме Горан Пандев во Серија А, кој игра за Џенова.

Први следни гости во квалификацискиот циклус за пласман на ЕП 2020 година ќе ни бидат Полјаците, кои имаат моќен состав, во кој доминираат играчи од Италија.

Селекторот Јержи Брзечек има дури деветмина во составот што ќе допатува во Скопје и ќе игра против Македонија на 7. јуни.

Голманите на Јувентус и на Болоња, Шчешни и Скорупски, потоа дефанзивците од Аталанта, Спал и од Сампдорија, Река, Ционек и Бережински, играчите од средниот ред на Наполи и Сампдорија, Зјелински и Линети и опасното напаѓачко дуо од Милан и од Наполи, Пјонтек и Милик ќе ја претставуваат и Серија А во нашиот главен град.

Главната ѕвезда на Полјаците секако е Роберт Левандовски, игран на Бундеслигашот Баерн, а покрај него во германското првенство играат Камински и Ковњацки и двајцата членови на Фортуна Диселдорф.

Австријците имаат дури 11 репрезентативци што играат во најсилната германска лига, а најпознато име е Давид Алаба од Баерн.

Покрај него селекторот Франко Фода за дуелот со Македонија на 10.јуни ги повика и капитенот Баумгартлингер и Драговиќ од Баер Леверкузен, Хинтерегер од Ајнтрахт, Илсанкер, Сабицер и Лајмер од Лајпциг, Лазаро од Херта, Грилиш од Хофенхајм, Штогер од Фортуна Диселдорф и Онисиво од Мајнц.

Ако се дополни дека нападот им го предводи одличниот шпиц на Вест Хем Марко Арнаутовиќ, јасно е дека и Австрија ќе биде тежок ривал за нашата селекција.

 

 

- Оглас -

Најнови вести