Ерлинг ја заврте рекордната бројка на Адаилтон

Рекордот на Бразилецот Адаилтон со шест гола за бразилската млада репрезентација на домашен терен во победата од 10:0 против Белгија долго беше недостижен рекордер по бројот на голови на еден меч.

Сè до вечерва, кога норвешкиот репрезентативец Ерлинг Халанд успеа да приреди уникатен подвиг и да ја сврти бројката на Адаилтон од шестка во деветка.

Синот на познатиот поранешен норвешки репрезентативец Алф-Инге Халанд, кој настапуваше во Премиер лигата, против Хондурас вечерва постигна 9 гола во победата од 12:0.

Тоа е апсолутен рекорд на Мундијалите за играчи до 20 години, а ако Норвешка мине понатаму, Халанд јуниор ќе има шанса да атакува и на рекордните 11 голови на цел турнир што ги постигна Хавиер Савиола во 2011 година за Аргентина.

- Оглас -

Најнови вести