Ова го има само во Турција: Потпишал договор и добил отказ по четири и пол часа

Турскиот прволигаш Касимпаша во еден ден склучи и ја прекина соработката со стратегот Ибрахим Узулмез. Тој вчера официјално беше претставен како нов предводник на тимот, прес-конференцијата се одржила околу 12 часот, а по точно четири и пол часа управата објави соопштение во кое стои дека ја прекинале соработката со стратегот.

Причината, според она што стои во самото соопштение, е дека дошло до недоразбирање при склучувањето на соработката. Узулмез првично потпишал едногодишен договор со клубот, но од тој договор не помина ниту еден ден.

„Постоеја несогласувања околу договорот, поради кои клубот одлучи да ја прекине соработката со новоназначениот тренер Ибрахим Узулмез“, пишува во соопшстението од Касимпаша.

Инаку, Касимпаша сезонава ја заврши на 14-тото место во турскиот шампионат со освоени 39 бода, две места над зоната за испаѓање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести