Македонија во последно време игра одличен фудбал и е особено незгоден домаќин, но ние сакаме да одиграме два добри натпревари против нив и со Израел, што можат да бидат клучни во квалификацискиот циклус, вели Роберт Левандовски.
Извонреднито шпиц на Баерн Минхен ќе биде главна закана за нас, на дуелот што ќе се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје на 7. јуни.
„Имаме доста играчи кои имаа напорна и долга сезона, но мораме да бидеме максимално подготвени за искушенијата што не чекаат против Македонија и Израел. Во последно време и не бевме којзнае колку успешни, но ние сме професионалци, ќе дадеме се од себе да победиме. Имаме квалитет и искуство и верувам дека нема да имаме проблеми да продолжиме победнички во нашата група“, додаде Левандовски.
Полска по неуспехот во Лигата на Нации и преселбата во Б сегментот и по лошиот настап на Мундијалот во Русија, сега тргна со две победи во нашата Г група за пласман на Еп 2020 година.
Македонија е зад нив заедно со Израел со по 4 бода, па се очекува голема битка во Скопје на 7. јуни.
Коментарите се затворени.