Мбапе го спаси светскиот првак од пораз

Актуелниот светски првак Франција на чудесен начин се спаси од пораз од Исланд на домашен терен во Гингамп. Исланѓаните до 86 минута имаа предност од 2:0 и беа на прагот на сефте победа против „триколорите“, но потклекнаа во финишот.

Со головите на Бјарнасон и на Арнасон по еден час игра Исланд имаше 2:0, но автоголот на Ејолфсон ги врати во игра светските прваци. Само 360 секунди подоцна, во 90. минута Мбапе беше прецизен од пенал и израмни на 2:2.

Франција нема пораз од 23. март годинава, кога Колумбија ги победи со 3:2 во пријателски меч, а сега серијата без пораз стаса до 14 во низа.

Исланд никогаш ја нема победено Франција, а двете селекции имаат одиграно меѓусебе дури 13 пати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести