Елмас: Имаме карактер, немавме ни грам среќа против Полска

Елиф Елмас неколкупати со прекрасни потези ја крена публиката на нозе, но ни тој, ниту Македонија немаа среќа против фаворизираната Полска, па претрпевме пораз по шест домашни победи по ред.

„Одигравме добар меч, но немавме среќа. Фортуната беше на страната на Полска и според мене заслуживме барем реми. Но, тоа е фудбалот, па сега ни останува да се сконцентрираме на мечот со Австрија. Оваа генерација има карактер и квалитет и како и секогаш ќе оди на победа и против Австрија, вели Елмас.

Со Австријците ќе играме во понеделник, повторно во Скопје и пак од 20.45 часот, а селекторот Игор Ангеловски ќе има малку поголеми проблеми за да најде рецепт за изненадување против уште еден фаворит во нашата Г група.

Стоперот Висар Муслиу доби црвен картон на дуелот со Полска и нема право на настап, а на повреда се жали десниот бек Стефан Ристовски.

 

- Оглас -

Најнови вести