Селекторот на македонската репрезентација Игор Ангеловски останува да верува дека оваа репрезентација на Македонија е најдобра во историјата. Предводникот на националниот тим верува дека уште постојат шанси во овие квалификации да се стигне до второто место, иако вечерва нашите најдобри фудбалери беа поразени со 1:4 од Австрија.
„Не мислам дека квалификациите се завршени. Заостануваме само три бода зад вториот во групата. Точно е дека загубивме против фаворитите на свој терен, но ќе мора да се поправиме на гости. Верувам дека оваа селекција е најдобра“, рече Ангеловски, кој е свесен дека вечерва противникот беше физички многу помоќен.
„Тоа што зборував пред мечот дека најмногу треба да внимаваме, на дуел-играта и трчањето, потфрливме со Австрија. Нивната репрезентација нѐ наттрча. Потфрливме на физички план. До пеналот некако париравме. Потоа едноставно немавме сила. Загубивме од две поквалитетни селекции од нас. Ако поразот од Полска беше несреќен, овој е сосема заслужен. До пеналот париравме, а потоа се појави тој немоќ во нашите редови“, потенцираше Ангеловски, кој не заборави да спомене дека Македонија игра и во полуфиналето од Лигата на нациите, каде што постои шанса да се избори за место на Европското првенство 2020 година.