Барселона има големи проблеми во дефанзивниот ред. За првпат по неколку децении екипата прима погодок на шест меча по ред во Примера дивисион. Слабата одбрана значи дека нема ни добри резултати. Актуелниот шпански првак е во низа од четири натпревари без победа, па поради тоа и го загуби лидерското место на табелата.
Затоа, доаѓањето на квалитетен стопер е неопходно. Прва желба е дефанзивецот на Ајакс, Матијас де Лигт, кој се гледа како долгорочно решени за тимот од „Камп Ноу“. Освен дефанзивецот, Kаталонците сакаат да купат уште двајца играчи.
Се бара наследник на Луис Суарес, кој засега игра добро, но фактот дека веќе има 33 години, значи мислење и за негов наследник. Фактот дека Мунир Ел Хадади е сегашната негова резерва, значи дека Барселона мора да најде квалитетен голгетер. Ќе треба да се најде и уште еден голман, бидејќи Јаспер Силесен најави дека ќе си замине бидејќи сака повеќе да брани.
По завршување на репрезентативните настапи, Барселона ја очекува дерби-дуел во Примера, и тоа на свој терен против Севилја, која сега е лидер во шпанското првенство.