Озил веќе нема болки во грбот, ќе игра против Лестер

Креативецот на Арсенал, Месут Озил, брзо закрепна од повредата на грбот, па ќе се стави на располагање кај Унаи Емери за претстојниот натпревар на „топчиите“ против Лестер во Премиер лигата. Средбата против „лисиците“ ќе биде прв меч на Арсенал по оваа репрезентативна пауза, а составот на Емери ќе биде речиси комплетен по враќањето на Германецот.

Иако Озил пред средбата со Фулам настапи во Лигата на Европа против Карабах, плејмејкерот не беше во можност да тренира со тимот пред натпреварот против екипата која ја води Славиша Јокановиќ. Со оглед дека се прости од германската репрезентација, Озил ја искористи оваа пауза да работи на брзо закрепнување, и го стори тоа. Исто така, назад во составот се врати и младиот бек Енсли Мајтланд – Нилс, кој се повреди уште на првиот меч во Премиер лигата, во кој Арсенал загуби од шампионот Манчестер сити со 2-0.

Единствен играч кој недостасува е Петр Чех. Искусниот голман и натаму се опоравува од повредата на бутниот мускул, а Емери се надева дека Чех ќе се врати кон почетокот на месец ноември.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести