Двоецот од Серија А на врвот од пазарниот список на Леонардо

Откако ја напушти Серија А, поточно таборот на Милан, новиот спортски директор на ПСЖ Леонардо, сака да доведе две ѕвезди од италијанскиот шампионат. Тој за приоритети ова лето ги одреди играчот за врска на Лацио Сергеј Милинковиќ – Савиќ, како и голманот на Росонерите Џанлуиџи Донарума.

Според најавите на италијанските медиуми, прво ќе се тргне по потписот на италијанскиот чувар на мрежата, за кого се предвидени 60 милиони евра. Се чини дека Милан ќе ја прифати понудата, а потоа Светците ќе се насочат кон најдобриот везиста за минатата сезона во Италија, Милинковиќ – Савиќ.

Еден од клучните играчи на Лацио е проценет на 120 милиони евра, а шпекулациите кои тврдеа дека се договорил со Јувентус по сите изгледи се неточни, па ПСЖ има простор, а и средства да преговара за да го пресели Србинот на „Паркот на принцовите“.

Тие двајца се првите желби на Леонардо, а од нив би започнало градењето на нов шампионски тим кој би атакувал на титулата во Лигата на шампионите, а секако за тоа ќе имаат шанси ако успеат да ги задржат и Нејмар и Мбапе.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести