Клупскиот фудбал во најсилните европски лиги е ставен во мирување и тоа поради распоредот наменет за репрезентативните средби. Ова е викенд за дуели од Лигата на нации и пријателски средби, но големите клубови веќе размислуваат за обврските кои ги очекуваат.
Според распоредот кој го имаат, Интер е веројатно во најнезавидна ситуација. „Нераѕурите“ по пауза од шест години повторно се дел од групната фаза од Лигата на шампиони, каде во скро време треба да одиграат два меча против европскиот гигант Барселона. Освен дуелите во ЛШ, Интер ќе има и дерби мечеви во Серија А. Ќе треба да играат против градскиот ривал Милан, потоа против Џенова и на крај против Лацио.
Пеколниот распоред на Интер започнува на 21 октомври кога го играат градското дерби против Милан на „Сан Сиро“. Три дена подоцна, односно на 24 овој месец следува гостување на „Камп Ноу“ против Барселона. Каталонците ќе им бидат ривал и на 6 ноември, но овојпат дуелот ќе се игра во Милано. Меѓу двете средби со Барселона, Интер треба да одигра дуел против Џенова во Серија А. Пет дена по реваншот со Барселона, односно на 11 ноември, Интер го очекува и дерби против Лацио.