Горан Пандев постигна и гол, по двете прекрасни асистенции за Александар Трајковски, за предност на Македонија од 3:0, но веднаш потоа и Лихтенштајн погоди преку Јилдиз за 3:1 по само 37 минути игра во Скопје.
Вистинска голеада, но и прекрасни потези имаат можност да видат околу десеттина илјади гледачи на националната арена во Скопје на дуелот меѓу Македонија и Лихтенштајн.
Во главната ролја е капитенот на нашата репрезентација Пандев. По две велемајсторски асистенции, реши и да го погоди во 36. минута, за предност на Македонија од 3:0, но веднаш потоа гостите намалија.
Со победа нашата репрезентација ќе биде на чекор до првото место во четвртата група од Д сегментот, што гарантира полуфинале.