Србите во полуфинале со изненадувањето Австралија, а Шпанија против Хрватска

Србија – Австралија и Хрватска – Шпанија се полуфиналните двојки на Светската лига во ватерполо. Завршницата на Светската лига се игра во Белград, финалето е в недела, а победникот на овој турнир ќе добие место на Олимписките игри во Токио 2020 година.

Во денешните четири четвртфиналиња, се играше многу ефикасно. Австралија издржа 10-10 против Унгарија, а потоа на пенали, Австралијците беа поуспешни. Хрватска со 20-13 ја порази Јапонија, а Шпанците беа подобри од Казахстан со 19-10. Вечерва, домашната Србија ја уништи Канада со 20-5 и покажа дека е главен фаворит.

Србија во групната фаза ја совлада Австралија со 12-8, додека Хрватите последниот дуел со Шпанците во април, го добија со 12-9, па можно е ново балканско финале во Светската лига.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести